|
Име на маратонот
Скопски маратон
2012
Датум и време на одржување
6 мај 2012,
09.00 часот
Старт и Цел
Стартот за сите трки е на улицата Димитрие Чуповски (Плоштад
Пела). Сите учесници треба да бидат на стартот
најдоцна до 8.30 часот на 6
мај 2012.
Целта на сите трки е кај Плоштадот Пела.
Покровители
Град Скопје, Агенција за млади и спорт, Мисија на
Европската Унија
Организатори
Сојуз на спортови на Скопје, Атлетска
Федерација на Македонија и АК “Работнички” – Скопје
Помагатели
Министерство за внатрешни работи, АРМ и Црвен Крст на Град Скопје.
Други учесници во организација
Во организација на Скопскиот Маратон како и секоја година учествуваат и: Факултет за Физичка Култура, ДСУ М.М. Брицо, Јавните претпријатија на ГрадСкопје, Градски Планинарски Сојуз, Сојуз на спортски Федерации на Македонија, други Спортски здруженија, над 400 волонтери.
Адреса на организаторот
Сојуз на спортови на Скопје
ул. Ј.Х.Џинот бр.12 а
1000 Скопје, Македонија
Трки
-
42.195
км
-
маратон / старт
09.00
Право на учество имаат лица постари од 18 години. Нема
да биде дозволен настап на лица под 18 години на денот
на трката. Се трчаат два круга низ улиците на Скопје.
Стартнината за оваа трка изнесува
400 денари.
Секој натпреварувач добива стартен пакет. Пријавувањето
ќе се врши како што е предвидено во упатството за
пријавување. Категории:машки и женски
- 21.097
км
-
полумаратон / старт
09.00
Право на учество имаат постари од 16 години. Помладите
од 18 години треба да имаат писмена согласност од
родителите. Се трча еден круг низ улиците на Скопје.
Стартнината за оваа трка изнесува
400 денари.
Секој натпреварувач добива стартен пакет. Пријавувањето
ќе се врши како што е предвидено во упатството за
пријавување. Категории:машки и женски
- 5 км - Хумани и активни, хуманитарна трка за рекреативци / старт
09.05
Оваа трка е од масовен карактер наменета за сите
граѓани. Право на учество имаат сите постари од 15
години, а помладите од 18 години треба да имаат писмена
согласност од родителите. Се трча еден круг низ улиците
на Скопје. Стартнината за оваа трка изнесува
200 денари.
Пријавувањето ќе се врши како што е предвидено во
упатството за пријавување. Категории:машки и женски
- 2 км (за основни училишта) / 21 април, кеј на
реката Вардар, старт 10.00
Скопскиот Мини Маратон ќе се одржи
на 21
април на кејот на реката
Вардар.
Оваа трка е од масовен карактер
наменета за учениците од основните
училишта од Скопје. Пријавување за оваа трка
ќе се врши преку основните училишта
и сите учесници треба да имаат
писмена согласност од родителите.Категории:машки и женски
Пријавување
Пријавувањето за учество во маратонот,
полумаратонот и трката на
5000 метри ќе се врши на следниве начини:
- со испраќање на пријава по факс на +389 2 3228624 или
+ 389 2 3117687
- пополнување на он-лине формулар на веб страната на
маратонот
Рокови за пријавување
Рок за пријавување за учество во маратонот,
полумаратонот и трката на
5000 метри:
- за маратонот најдоцна до
30
април
2012
- за полумаратонот најдоцна до
30
април
2012
- за трката на 5000 метри најдоцна до
5
мај 2012
Освежитлни станици
Ќе има осум (8) освежителни станици низ целата должина на
патеката, со потребните количини на вода и лимун.
Прва помош
Прва помош ќе има на четири места на патеката, а во движење
низ целата должина на патеката ќе има и неколку возила
со медицински персонал. Исто така докторска екипа ќе има
и на целта на патеката.
Стартен пакет
Стартен пакет ќе добијат учесниците во полумаратонот и
трката на 5000 метри, кој ќе се состои од следните
работи: маица со логото на трката, стартен број,
програма за трката и освежување.
Стартниот пакет ќе се подига во Сојуз на Спортови на
Скопје (тел: +389 2 3228624),
на 5 и 6 мај од 10.00 до 19.00 часот, и
на 7 мај од 10.00 до 17.00 часот.
На истото место ќе се наплаќа и котизацијата.
Награден фонд
Во трката
5000 метри најдобрите 3 во машка и женска конкуренција
ќе добијат стокови награди. Во маратонската трка
најдобрите
7
во машка и
5
во
женска конкуренција ќе добијат
парични награди. Парични награди ќе
добијат и најдобропласираните домашни натпреварувачи во
маратонската трка.
Во
полумаратонската трка најдобрите 3 во машка и женска
конкуренција ќе добијат парични награди.
Времетраење
Временскиот интервал за којшто натпреварувачите во
трката на 5000 метри треба да стигнат до целта е 1 час
по почетокот на трката. После рокот на натпреварувачите
на 5000 метри нема да им биде дозволено да ја поминат
целната капија.
Временскиот интервал за којшто натпреварувачите од
маратонската и полумаратонската трка треба да стигнат до целта е 5 часа
по почетокот на трката. По зададениот рок сите
натпреварувачи ќе бидат отстранети од патеката.
Покровители
Коце Трајановски - Град Скопје
Петер Соренсен - Мисија на Европска Унија во Македонија
Лазе Поповски - Агенција за млади и спорт
Организационен одбор
 |
Име и Презиме |
Функција |
претставник |
 |
Ѓорѓи Кузмановски |
Претседател на О.О. |
ССС |
 |
Александар Бичиклиски |
Подпретседател |
Град Скопје |
 |
??? |
Член на
О.О. |
Агенција за млади и спорт |
 |
Роберт Лидл |
Член на
О.О. |
Мисија на Е.У. |
 |
Цветко Грозданов |
Член на О.О. |
АФМ |
 |
Кире Синадиновски |
Спортски директор |
А.К. Работнички |
 |
Гордана Николовска |
Маркетинг менаџер |
ССС |
 |
Иван Лесевски |
Технички менаџер |
ССС |
 |
Крсте Војнески |
Член на
О.О. |
А.К. Работнички |
 |
Дејан Ангеловски |
Член на
О.О. |
АФМ |
 |
 |
Зоран Шишковски |
Член на
О.О. |
Град Скопје |
 |
Борче Боев |
Член на
О.О. |
С.С.Ф.М |
 |
Гино Стрезовски |
Член на
О.О. |
Факултет за Физичка Култура |
 |
Иво Котевски |
Член на
О.О. |
МВР |
 |
Дејан Панчевски |
Член на
О.О. |
МВР |
 |
Александар Коцевски |
Член на
О.О. |
Државни училишта за физичка култура |
 |
Тони Митев |
Одговорен за медиуми |
Спортско Радио 90.3 |
|
|
|
|
|
|